Мобилната апликација на YouTube дополнета со функција за пренос на видео во реално време

10 февруари, 20170
12

Социјалните мрежи Twitter и Facebook веќе подолго време им нудат на своите корисници можност да пренесуваат во реално време видео со она што се случува околу нив и YouTube ќе се обиде да ја намали нивната предност со воведувањето на ваква опција во мобилна апликација за iOS и Android.

Функцијата се тестира уште од минатата година и очигледно веќе е доволно стабилна за да биде обезбедена на корисниците на популарната услуга за споделување на видео содржини.

Засега можност да пренесување видео во реално време преку мобилни уреди и апликацијата на YouTube ќе имаат само корисниците со над 10.000 претплатници, но со текот на времето опцијата ќе стигне до сите. Достапната функционалност е слична на онаа на конкурентските услуги, па не би требало да им отежни на корисниците. односно може да се постави насловот на преносот, да се вклучи или исклучи можноста за чат и да се испрати известување до претплатниците.

Постои можност да се емитува во хоризонтална и вертикална ориентација.

YouTube се надева дека ќе ги привлече креаторите на содржини со својата сигурна и тестирана со годините инфраструктура и со функции како Super Chat.

Таа им овозможува на гледачите да платат за да може нивната порака да остане во прозорецот за чат во текот на до 5 часа, а емитувачите ќе добијат дел од приходите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi