Ова се 5 смртни непријатели на батеријата на вашиот смартфон

21 август, 20170
3

Да расчистиме нешто веднаш на старт: без обзир колку и да ја тинтрате батеријата во вашиот смартфон, порано или подоцна – ќе ја испушти душата.

Батеријата која ја користи вашиот смартфон е дизајнираан за да издржи одреден број на полнења и празнења. Ако внимавате на неа, ќе трае подолго. Доколку не се грижите, животниот век ќе и биде пократок. Но, со тек на времето, неизбежно ќе станува се послаба и на крајот ќе рикне.

Сега, кога го решивме ова, да видиме кои се петте непријатели кои го забрзуваат ова, без разлика дали станува збор за евтин илли скап уред, нов или стар, Android или iPhone…

Eкстремно високи или ниски температури

Изложувањето на батеријата на екстремно високи температури не само што влијае лошо на нејзиното функционирање, туку и го зголемува ризикот за нејзиното запалување. не го изложувајте теелфонот директно на сончеви зраци, во близина на грејни тела или било каков извор на силна топлина. Истово, важи и за температури под нула степени.

Физички оштетувања

Дури и доколку  продолжи да складира и испорачува електрична енергија, оштетената батерија е опасна батерија. Доколку се случи физичко оштетување, проверете со стручно лице во сервис дали смее да се користи.

Полнење и празнење до крај

Наместо да го исклучите телефонот од полнач кога батеријата ќе биде 100% полна, а да го ставате на полнач кога ќе дојде до нула, подобро е постојано по малку да ја дополнувате батеријата и да ја држите помеѓу 40% и 80% капацитет. Нормално, ова не е постојано возможно.

Оштетени или неисправни полначи

Користењето на адаптери и кабли кои не се изворно наменети за вашиот смартфон обично нема да претставува голем проблем. Но, доколку вашиот сет за полнење е оштетен на било каков начин, не го користете, без разлика дали е оригинал или не.

Постојано вклучен уред

Иако паметните теелфони се издржливи уреди, понекогаш им треба да здивнат. Исклучете го на половина час или барем ресетирајте го еднаш неделно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi