Паметната јакна на Google и Levi’s доаѓа ова лето по цена од 350 долари

20 март, 20170
15

Паметните гаџети можеме да ги најдеме секаде, а сега е ред да започнеме да ги носиме и како облека.

За време на Google I / O 2016, Levi`s и Google објавија дека работат на создавање на паметна тексас јакна што ќе му овозможува на оној кој ја носи, да прифаќа телефонски повици, да има пристап до карти и навигација, да управува со музика и што ли уште не.

Во ракавите на јакната има вградено посебна кондуктивна ткаенина која овозможува да работите на површината со гестови, управувајќи со апликации директно. Така на пример еден гест со лизгање по раката може да ја смени песната што оди во моментот, а тапкањето со прст ќе ја запре музиката.

Денес станува јасно дека паметната јакна од Project Jacquard ќе чини 350 долари и ќе влезе во продажба ова лето.

До овој момент точниот датум сеуште не е познат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *