Протече неофицијална снимка: Ново видео го покажува Galaxy S8 во акција

23 март, 20170
8

На Јутјуб се појави нов краток и непотврден видео клип од новиот Galaxy S8.

Видеото го покажува уредот во акција и ни го покажува неговиот преден дел и задниот, како и почетниот екран. Во пракса, клипот потврдува сè што веќе слушнавме многупати – екран речиси без рамки, заоблени агли, камера за препознавање на лицето и скенер за отпечатоци на грбот.

Што се однесува до софтверот, покажениот тука Galaxy S8 изгледа користи нов интерфејс, кој се очекува со оваа верзија на предводникот.

Видеото е прилично кратко и реално не ни покажува ништо ново освен еден функционален Galaxy S8. Ова може да биде прототип или пак некоја рана едиција – искрено, во оваа фаза и неколку дена пред премиерата, тоа веќе не е важно.

httpv://www.youtube.com/watch?v=J5bZtOdmmuQ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi