За 5 години мобилен што ќе ни ги чита мислите

19 мај, 20170
3

Нов систем развиен од тим истражувачи од јапонскиот технолошки универзитет Тојохаши може да ги чита мислите на луѓето преку мозочните бранови.

За да се тестира технологијата, од партиципантите во студијата било побарано гласно да кажуваат броеви, а притоа бил користен робот кој во реално време погодувал што тие, базирано врз резултатите од електроенцефалограмскиот скен на нивните мозоци.

Уредот имал 90% успех во препознавањето на броевите од 0 до 9, и 61% успех при дешифрирањето на поединечни слогови на јапонски.

И покрај тоа што уредот бил делумно ефективен, тимот е доволно оптимистичен околу резултатите, и смета дека се на прав пат на развивање на мозочно-компјутерски интерфејс кој успешно би ги преведувал мислите во гласни зборови. Тие се надеваат дека ваквата технологија ќе може да ја интегрираат во мобилна апликација, која би можела да биде спремна за само 5 години.

Овој вид на технологија има потенцијал да им овозможи на хендикепираните кои ја имаат изгубено моќта за говор повторно да комуницираат, тука вклучувајќи ги и оние чиј говор е парализиран поради одредени невролошки состојби како ALS, мозочен удар или повреда на ‘рбетниот столб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *