18 октомври, 2017

Радио

Компанијата Xiaomi вчера го претстави својот најнов предводник Xiaomi Mi 6 за време на настанот во Пекинг.

Xiaomi Mi 6 е придвижен со најновиот процесор на Qualcomm, Snapdragon 835, 6 GB RAM меморија и доаѓа со 5.15-инчен дисплеј и батерија со капацитет од 3350 mAh. Xiaomi Mi 6 исто вклучува 12-мегапикселна двојна камера со различно фокусно растојание. За жал недостасува џек за слушалки, но тоа се очекуваше, бидејќи се повеќе компании ја напуштат аналогната порта.

Сепак не очекувајте да видите официјално претставување на Mi 6 во САД или Европа. Компанијата останува во голема мера фокусирана на главните пазари како Кина и Индија.

Цената на Mi 6 започнува од 2.499 јуани (околу 360 долари) за модел со 64 GB внатрешна меморија, а моделот со 128 GB ќе чини 2.899 јуани (околу 420 долари).

Верзијата на Mi 6 со керамички заден панел и 128 GB внатрешна меморија за складирање на датотеки ќе се продава за 2.999 јуани (435 американски долари).

Остави коментар

Почетна // хај-тек // Запознајте се со Xiaomi Mi 6: Моќен уред со Snapdragon 835 CPU и 12 MP двојна камера на грбот
Горе