24 ноември, 2017

Радио

Сите знаеме дека кога принцот и принцезата се венчале, јаделе, пиеле и се веселеле три дена. Но приказните завршуваат тука, бидејќи никој не смее да ја подигне завесата на брачната одаја. Што се случува под јорганот, што се случува со моралните вредности кога ќе се сретнат со големи илузии? Еве што…

Некаде слушнав дека бракот почнува со поткупување и завршува со љубов. Токму оваа максима ја следеа и моите родители. Мајка ми е воспитана да верува дека љубовта е за циганите, а татко ми дека со убава професија се се постигнува. Така поврзани од доброто воспитување тие се венчаа.

Но кога двајца луѓе ќе се здружат во еден тим, работите не се добиваат. И двајцата настојувале да создадат дом и собираат богатство кое ќе го остават како наследство на своите деца. Но некаде помеѓу илјадниците прошетки до адвокатите за развод и хотелите, сосема заборавив дека сме семејство.

Во почетокот со лицемерие ги прифаќале недостатоците, но потоа работите излегле надвор од контрола. Како само да чекале да пораснам и да им го ослободам рингот.

Тогаш сватив дека семејство не се прави со добро воспитување и со манири, туку со љубов. Ако ги нема чувствата, недостатоците на другиот ќе ти ги избодат очите, црниот кавијар во фрижидерот и мебелот од масивен даб никогаш нема да ја избркаат осаменоста.

И двајцата беа осамени, го чувствував тоа.

Кога јас го сретнав мојот сопруг, моите родители беа шокирани од моите искрени чувства кон него. Мајка ми ми постојано ми повторуваше: “Љубовта нема да те нахрани, само ќе ти го замагли погледот и пак ќе те направи слаба. “Татко ми ме праша какво воспитување и образование има мојот избраник и речиси доби удар кога му реков: “Никакво”.

Не смеев дури на да го држам за рака пред нив, кај нас тоа се сметаше за лош манир.

Сега со мојот сопруг живееме во еден мал стан, кој едвај го купивме со нашите приходи. Немаме дури ни мебел. Но ние така стапивме во брак, со јасна идеја дека ако нешто ќе не одржува, тоа е љубовта, а не имотот. Држиме само на себе, а не на пари.

Виното, за кое како дете ме учеа дека е само за гостите, сега го пиеме двајцата. И за инает ќе докажам дека “љубовта ги храни децата”. Затоа, пријатели, брак се започнува со чувства и завршува со поткупување. А не обратно! Сега извинете ме, одам да ги нахранам децата… со љубов!

Остави коментар

Почетна // КАЛАБАЛАК // Брак се гради со љубов, а не со општи сметки! Приказната на моите родители
Горе