Овие реченици ќе ви го сменат животот!

24 јануари, 20170
10

Луѓето околу вас не се ваши противници, тие се само фокусирани на себе си!
Освојувате планини (височини) не поради тоа да ве види светот, туку поради тоа вие да го видите светот од друг агол.
Повеќе ќе научите од неуспехот, отколку од успехот. Не дозволувајте тоа да ве спречи, бидејќи неуспехот го гради карактерот!
Најголемиот ризик од сите, е да го поминете животот без да го работите она што го сакате, мислејќи дека така подоцна ќе можете да си купите слобода и дека конечно ќе можете да го работите она што го сакате.
Ако ги прифатите своите ограничувања, можете и да ги надминете.
Луѓето често велат дека мотивацијата не трае. Не трае ни туширањето, но се препорачува еднаш дневно.
Сите кои ги познавате се плашат од нешто, нешто сакаат и нешто изгубиле.
Удобноста е непријател на успехот!

Водете грижа за своето тело. Тоа е едниственото место каде живеете.
Не престануваме да играме бидејќи сме остареле, туку остаруваме бидејќи престануваме да играме.
Проблемот со овој свет е во тоа што глупавите се самоуверени, а интелигентните се полни со сомнеж.
Несовршеноста е убавина, лудоста е генијалност и подобро е да се биде тотално апсурден отколку тотално досаден.
Старата поговорка ‘око за око’, на крајот сите ќе нè ослепи.
Темнината не може да истера темнина, тоа го може само светлината. Омразата не може да истера омраза, само љубовта може да го направи тоа.
За да ја занемариш големата слика, трикот е да гледаш одблизу на сè.
Вистинските пријатели се како дијаманти, скапоцени, но ретки. Лажните пријатели се како есенско лисје, ги има насекаде.
Љубовта е слепа, затоа ù е толку изострено сетилото за допир.
Напорната работа никогаш не убила никого, но зошто да ризикувате?
Светот пати многу. Не поради насилството од лошите луѓе, туку поради молчењето на добрите.
Ако не веруваш дека си таму, тогаш не си таму. Не треба да размислуваме “кога ќе видам ќе поверувам”, туку “кога ќе верувам ќе видам”.
Држењето на лутината е како да држите врел јаглен со намера да го фрлите кај некој. Единствениот што ќе се изгори, ќе бидеш ти.
Прашале некој мудрец: “Ако човек сака, се враќа ли назад?”
Тој одговорил: “Ако човек сака, не заминува.
Никогаш не си играј со туѓите чувства, бидејќи можеби ќе ја добиеш битката, но доживотно ке ја изгубиш личноста.
И денес како и вчера се борам против себе, се борам против другите. Душата ми е крвава, а рацете чисти.
Како другите ве гледаат, не е важно…
Како самите се гледате Е НАЈВАЖНО.
Најважно е да не се откажувате и кога е тешко, кога мислиме дека немаме избор, тогаш стануваме победници.
Доколку го гледате она што го имате во животот, вие секогаш ќе имате повеќе. Доколку го гледате она што го немате во животот, никогаш ништо нема да ви биде доволно.
Ќе дојдат и твоите пет минути. Тоа секојдневно го слушам. Не ни требаат пет минути. Ни треба исполнетост во текот на целиот живот. Не се бориме за мали пет минути.
Борете се секогаш во секој момент да имате се што ви треба. Само така петте минути ќе бидат вечност.
Ако на својот пат кон целта застануваш за да го маваш со камен секое куче што ќе залае на тебе, никогаш нема да стигнеш до целта.
Се додека не си скршиш, не знаеш од што си направен. Тогаш ја добиваш моќта повторно и поцврсто да се изградиш себеси.
Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден.
И осаменоста е убава… за да го научи човекот колку вреди да се биде со некого!
ПРАВИ ДОБРО – ЌЕ ТИ СЕ ВРАТИ! (Да, и: ПРАВИ ЗЛО, ПА ОЧЕКУВАЈ ГО)
РАБОТИ како да не ти требаат пари…
САКАЈ како никогаш да не си бил повреден…
ТАНЦУВАЈ како никој да не те гледа…
ПЕЈ како никој да не те слуша…
ЖИВЕЈ како да е Рајот на Земјата…
Жал ми е за луѓето родени во богати фамилии и за луѓето на кои успехот им е подарен. Тие никогаш нема да можат да почуствуваат што значи да се успее.
И тогаш, во моментот кога сите бродови ти се потонати и не можеш да се кренеш од кревет бидејќи доста ти е од се, сфаќаш дека успех е да станеш и да се бориш без разлика на се. За мене, тоа е успех.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *