Пазете како судите

3 август, 20170
balanza-granataria-100-gr

Пекар во селото купувал путер од својот сосед. Еден ден кога го измерил путерот увидел дека соседот ја има намалено количината, а ја задржал истата цена. И така пекарот го окривил соседот за измама.

На судот судијата го праша продавачот:

-Имате ли исправна вага и тегови?

-Немам, одговори продавачот

-Па како тогаш ја мерите количината што ја продавате?

Продавачот одговорил:

Кога пекарот почна од кај мене да купува сметав дека треба од кај него да купувам леб. Почнав неговиот леб од половина килограм да го користам како тег за мојата вага кога ја мерев количината на путерот. Ако тежината на мојот путер е помала, тогаш за тоа е виновен пекарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi