20 октомври, 2017

Радио

Луѓе ко луѓе. Многу често имаат двојни стандарди и во една ситуација го гледаат светот на еден начин, а во друга на друг начин, иако се работи за слични ситуации. Оваа кратка, но ефективна приказна, ни покажува како за иста работа можеме да имаме различни погледи на светот, во зависност од тоа за што се работи.

Два погледи на светот

По многу години, две пријателки се сретнале и почнале да разговараат за своите животи.

Едната прашала: „Кажи, како е твојот син?“
Друга воздивнала и рекла: Мојот син? Кутриот тој! Како несреќно се ожени со девојка која на сака со прст да мрдне низ куќата. Таа не сака да кува, шие, не сака да пере садови или да чисти куќа. Само спие, се излежава и чита во кревет. Мојот кутар син мора и доручек да и носи во кревет.“
„Тоа е страшно. А како е ќерка ти, дали таа подобро пројде од твојот син?“
„Ах, таа е среќница! Се омажи за ангел. Тој не и дозволува да работи низ куќата. Послугата готви, шие, пере садови и ја чисти куќата. А тој секое утро и носи доручек во кревет, замисли си само! Таа спие колку што сака, а остатокот од денот се одмара и чита во кревет.“

Остави коментар

Почетна // КАЛАБАЛАК // Поучна приказна: Два погледи на светот
Горе