Поучна приказна: Неодговорен доктор?!

6 септември, 20170
10

Еден доктор трчајќи влегол во болницата откако добил итен повик за да изврши многу тешка операција на еден млад дечко. Веднаш се облекол и брзајќи влегол во операционата сала.

Во ходникот пред салата се сретнал со бесниот татко на момчето, кој нервозно се движел како лав во кафез. Штом човекот го здогледал докторот, почнал да се дере: Зошто ви требаше толку многу време? Зар вие не знаете дека животот на мојот син виси на конец? Каде ви е чувството за одговорност кон пациентите? Каков доктор сте вие?

Докторот со искрено сочувство одговорил: Навистина се извинувам, но штом го добив повикот, веднаш тргнав. Не можев побрзо да стигнам. А сега би ве замолил да се смирите за да можам да си ја работам работата најдобро што знам.

Да се смирам? Јас да се смирам? А што ако вашиот син беше во операционата сала наместо мојот? Дали вие ќе се смиревте? Ако вашиот син умираше, како вие ќе се однесувавте? – бесно одговорил таткото.

Операцијата траела неколку часа, а потоа докторот излегол среќен и со насмевка на лицето. Фала му на Бога, вашиот син е спасен! И без да почека реакција од таткото, трчајќи ја напуштил болницата. Трчајќи само дофрлил: Доколку имате некакви прашања, обратете се на медицинската сестра.

Зошто докторов е вака арогантен? Зарем не можеше да почека некоја минута да го прашам за состојбата на мојот син? – се обратил таткото кон медицинската сестра.

Медицинската сестра одговорила: Неговиот син загина вчера во сообраќајна несреќа. Беше на погреб кога го повикавме за итна операција на вашиот син. Тој е единствениот доктор во градот, што можеше да го спаси. И сега, кога го спаси животот на вашиот син, се врати да го закопа својот.

Никогаш не ги осудувајте другите, бидејќи никогаш не можете да знаете каков е нивниот живот и низ што поминуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *