11 декември, 2017

Радио

Во една просторија полека гореле четири свеќи. Била речиси целосна тишина и можел да се слушне нивниот разговор.

Првата свеќа рекла: „Јас сум МИР – луѓето не успеваат да ме сочуваат, мислам дека ќе се изгасам“. И веднаш се изгасила.

Втората свеќа рекла: „Јас сум ВЕРА – за жал, многу луѓе сметаат дека не сум неопходна, нема смисла да горам и натаму“. Само што го кажала тоа, дувнал лесен ветер и свеќата се изгасила.

Третата свеќа жално рекла: „Јас сум ЉУБОВ – немам веќе сила, луѓето често ме забораваат и ме ставаат на страна. Дури и забораваат дека ги сакаат своите најблиски“ и истиот момент се изгасила.

Кратко потоа во собата влегло едно дете. „Што е ова? Требаше да горите до крај“, рекло детето и почнало да плаче.

Тогаш се огласила и четвртата свеќа: „Не се плаши, додека јас горам, ќе можеме да ги запалиме останатите свеќи. Јас сум НАДЕЖ“.

Со сјај во очите, детето ја зело свеќата „НАДЕЖ“ и ги запалило останатите.

Пламенот на надежта секогаш би требало да гори во нашето срце, за секој од нас да може да ги одржи верата, мирот и љубовта…

Остави коментар

Почетна // КАЛАБАЛАК // ПРИКАЗНА ЗА ЧЕТИРИТЕ СВЕЌИ: Една никогаш нема да изгасне, еве и зошто…
Горе