Приказната за гордото момче

1 август, 20170
mladic-u-vozu

Некој древен мудрец меѓу своите ученици имал и еден богато и едно горделиво момче, кој поради само еден лош збор бил подготвен да започне тепачка.

Со цел да го излечи, мудрецот му дал задача: три години да шета низ светот и да плаќа на секој што ќе му рече лош збор.

Момчето се покори и ја започна својата задача. Одеше низ светот и секому плаќаше што ќе му кажеше лош збор. Кога поминаа три години, тој се врати кај својот учител.

Но пред капијата го застана вратарот, лут на некого, па се сврте и почна да се расправа со момчето. Меѓутоа, момчето наместо да се налути само слатко се насмеа. Вратарот зачуден го запраша:

-Зошто се смееш?

Момчето одговори:

-Три години плаќам на секого што ќе ми каже лош и погрден збор, а еве ти мене бесплатно ми кажа многу повеќе погрдни збори од кој било досега!

Кога тоа го виде мудрецот, се израдува дека задачата момчето успешно ја поминал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *