Со секое паѓање и издигнување ќе учиш нешто ново…

18 декември, 20170
11

„Прв состанок, се подготвуваш, те фаќа нервоза, го вежбаш говорот пред огледало, ти се пресекуваат нозете како што се доближуваш до нејзината куќа.

Ѕвониш на вратата и се појавуваат прво нејзините родители. Знаат зошто си дојден и после поздравот почнуваат со сите предупредувања и правила за добро однесување, внимателно возење и навремено враќање дома.

Биди внимателен и почитувај го тоа што ти го кажуваат. Сепак, нивната ќерка ти ја даваат во доверба. Немој да ја изневериш.

Вечерта ја почнувате со сите интересни разговори за запознавање, шеги и многу смеење дури и на работи кои не се толку смешни, но вам ви е убаво.

Веќе помислуваш дека можеби тоа е девојката со која ќе се ожениш е не ти треба ништо друго.

Младешка љубов. Убаво е кога го имаш тоа чувство. Нема да ти го уништам, но знај дека сè пропаѓа ако двајцата не го мислите и не го чувствувате истото.

Првата љубов е период кога треба да истражувате, да се запознавате и откривате. На тој пат можеби ќе сфатите дека не сте еден за друг и дека тоа нема да трае вечно како што сте мислеле.

По некое време љубовта спласнува и може да се случи таа да биде заведена од некој друг. Некој што ќе сака одново да го запознава и можеби само ќе ѝ се чини поинтересен.

Наеднаш почнува да се оддалечува, па почнуваат караниците и разделувањето. Ќе дојде и моментот кога ќе ја видиш среќна со некој друг, а тебе ќе ти биде скршено срцето.

Нема да можеш да го скриеш тоа. Ќе го забележам уште по краткиот одговор кога ќе си дојдеш дома и ќе те прашам како си помина, а ти ќе ми одговориш само со еден збор.

Наеднаш болката во градите ќе ти го преокупира целиот живот. Како мајка ти кажувам дека тоа е минливо. Слушај ме, скршеното срце не останува засекогаш.

Тоа грдо чувство во стомакот што не те остава да спиеш, го знам. Поискусна сум, верувај ми. Не те боли раскинувањето, туку спомените кои ги имаш. Само тие ти шетаат во мозокот, но ќе избледат со текот на времето.

Ќе пораснеш, ќе продолжиш понатаму. Ќе запознаеш многу девојки на различни места.

Помеѓу сите емоции што ќе ги почувствуваш со првата љубов, мора да запомниш: никогаш да не ја изгубиш самодовербата која ја имаше на првиот состанок.

Сите возбудливи чувства пред првиот бакнеж, уживањето цела вечер да зборувате на телефон иако сте уморни. Сакам сите овие нешта да ги имаш пред секој состанок, затоа што кога ќе ја запознаеш вистинската девојка, овие работи и чувства ќе ти се случуваат секојпат кога ќе ја видиш, така ќе знаеш дека токму таа е вистинската. Овие чувства тогаш нема да избледат како оние кога запознаваш погрешни девојки кои те оставаат со скршено срце.

Не дозволувај едно скршено срце да ти ја смени перцепцијата за секоја девојка. Не го носи товарот од последната врска во следната, затоа што не е фер. Не, не се сите девојки исти. Никогаш не го кажувај тоа.

За секого има една вистинска личност, само можеби сè уште не си ја нашол твојата. Те молам, немој да станеш идиот. Немој да бидеш тој што заборава да ја отвори вратата или да ја плати сметката. Не ја допирај девојката ако не ја бакнуваш или прегрнуваш, кога ќе ја најдеш вистинската оди и чекор понатаму.

Не брзај, важно е да одбереш паметно. Немој да спиеш со секоја девојка со која ќе имаш можност. Бирај, минатото останува.

Како што ќе минуваш низ секое ново раскинување, така ќе стануваш посилна личност и ќе стоиш поцврсто. Со секое паѓање и издигнување ќе учиш нешто ново.

Ќе го сфатиш тоа кога ќе ја најдеш вистинската љубов, ќе се ожениш и ќе имаш семејство. Ќе ги сфатиш сите овие совети и ќе му ги пренесеш на твојот син.

Ако гледаш од другата страна, ќе го сакаш истото и за ќерка ти.

После сè, на крајот, конечно ќе ја разбереш разликата помеѓу тоа да се биде момче и да се биде маж.

Те сакам засекогаш,

Твојата жена број еден во животот, твојата мајка.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *