29 април, 2017

Радио

Бутик-хотелот Casa Cook во близина на градот Колимбија на грчкиот остров Родос нуди малку поинакво патувачко искуство – овде ве дочекува модернизирана верзија на препознатливиот грчки стил, релаксирачка атмосфера во боемски и космополитски дух со суптилни племенски референци. Секоја од 90-те соби има поглед на долгиот тиркизен базен, а неколку минути ви се потребни да стигнете на плажа. Срцето на Casa Cook е ресторанот и барот покрај базенот, во кој се подготвуваат свежа храна и енергетски коктели, а хотелот има и своја фитнес-сала и јога-програма. Во описот стои дека е наменет само за возрасни, но без да звучат елистистички, велат дека идејата е овде да почувствувате смирувачка атмосфера, наместо да слушате бучни деца околу вас. Цените за една соба почнуваат од 100 евра.

2

3

4

6

7

8

10

19

14

15

18

 

Остави коментар

Почетна // патување // ДЕСТИНАЦИИ // Боемски хотел на грчкиот остров Родос
Горе