Град од кал цврсто стои веќе 2000 години

4 септември, 20170
10

Во пустината во Саудиска Арабија се наоѓа единствен град на духови стар два милениуми, кој е сограден на темелите на библискиот град Дедан.

Прошетката низ тесните улички на Ал Ула, античкиот град на северозападот во Саудиска Арабија, по сè подсеќа на лавиринт, со историја на секој агол. Некогаш развиена цивилизација ги изградила овие 800 тесно спакувани куќички од кал, кои до денеска, 2000 години подоцна, останале како потсетник за потенцијалната човечка судбина.

Утврдениот град Ал Ула направен е во 6 век п.н.е. до оаза во пустинската долина. Со доволна површина на плодна земја, пристап на вода и положба на трговски пат за темјан, зачин и свила, градот бил предодреден за просперитет.

Арабиското кралство Лихјан го изградил Ал Ула на темелите на боблискиот град Дедан, Иако повеќето куќи биле рушени и повторно градени со вековите, постојат многу кои преживеале во оригинална состојба и се уште ги носат ознаките на Лихјан.

Напуштениот град покрај историска има и голема религиска важност – муслиманите веруваат дека пророкот Мухамед минал низ Ал Ула на пат кон Табуку каде што се одиграла голема борба помеѓу Арабијците и Византијците.

Градот континуирано би населен до модерното време, меѓутоа со големиот инфаструктурниот напредок на Саудиска Арабија во 20 век, луѓето полека почнале да го напуштаат, а последното семејство се иселило во 1983 година.

Туристите кои денес го посетуваат Ал Ула често се потполно сами во древниот град, каде уживаат во тишината замислувајки како изгледал кога стотици луѓе шетале низ улиците.

За жал, туристите можеби нема да можат уште долго да уживаат во овој древен град, ова единствено место се повеќе пропаѓа. И покрај напорите на Ријад да го сочува градот, можеби нема да пројде уште многу време пред што Ал Ула се претвори во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *