18 октомври, 2017

Радио

Овде нема комуникација со модерниот свет, односно нема телевизија, интернет и други работи кои ќе ви пречат во текот на вашиот одмор. Супериорното одмаралиште ви нуди изобилство од забавни активности, а се наоѓа на јужнио дел од Никоја полуостровот, каде што природата е волшебна и недопрена.

Немојте да бидете загрижени – нема да бидете во целост отсечени од цивилизацијата – иако многу од нас тоа и го посакуваат. Ако сакате некаков тип на акција, селата во близина Санта Тереса и Плаја Хермоса се наоѓаат во близина.

Ова одмаралиште во својата понуда има само десет екслузивни вили, со поглед кон океанот кој ќе ви ја смират душата и телото преку прозори од под до плафон. Исто така, секоја вила има свој приватен базен, кој ќе дополнително ќе ви го разубави денот. Елегантен декор, кинг кревет, клима и преубава приватна тераса со лежалки исто така се дел од понудата.

Што се однесува на социјалниот живот, одмаралиштето нуди заеднички голем базен со преубава градина и поглед кон океан, како и интимен ресторан со отворена кујна. На располагање имате и бар покрај базенот, каде што може опуштено да разговарате со коктели.

 

Остави коментар

Почетна // патување // ДЕСТИНАЦИИ // Идеално место за оние кои сакаат вистински одмор
Горе