Како изгледа патувањето во најлускузните патнички авиони

12 мај, 20170
5

Авиокомпанијата Etihad Airways се смета за една од најлускузните во светот, а патувањето во овие авиони е вистинско пријатно и релаксирачко доживување.

Во последните неколку години компанијата постепено го менуваше изгледот и услугата во авионите. Првата трансформација се направи на авионот А380 кој е на два ката, а луксузниот дел се наоша на вториот кат. Тука се наоѓаат и два апртмани кои имаат по три соби – соба за дневен престој со трпезарија и мини кино, спална и купатило со туш кабина.

Патниците во апратманите имаат на располагање персонал кој завршил специјален курс во лондонскиот хотел „Савој“. Патувањето во еден од овие апартмани, на пример од Абу Даби до Лондон, чини околу 20 илјади евра. Поради големиот интерес, билетите се купуваат една година однапред.

Освен овие луксузни апартмани, авионот има и „поедноставни“ соби,  со површина од 5 квадратни метри, а билетот за нив изнесува од 7 илјади до 10 илјади евра, на релазија Абу Даби – Лондон.

Во економската класа пак, секој патник има свој кревет, а добива и бесплатни чорапи, четкица за заби, чешел и други основни работи потребни за летот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *