20 октомври, 2017

Радио

Канухура, преубавиот остров сместен во прегратките на топлиот Индиски Океан, во средината на светлите гребени на Малдивите, може да се опише како безвременско шик искуство.

Едно од преубавите одмаралишта на Малдивите, на своите посетители им нуди единствено чувство. На овој мал остров, времето Ви припаѓа само Вам. Секој момент е уживање, славење на природата… Ова е место на природни волшепства, креирано од цивилизацијата.

Канухура е брилијантно и приватно место со широк спектар на објекти, барови, ресторани и спортски активности. Во непосредна близина се наоѓаат некои од најдобрите светски локации за нуркање. Покрај рецепцијата, на западниот дел од островот се наоѓа слатководен базен, два ресторани, бар и Спа центар, додека на северниот дел постои центар за спортови на вода, ноќен клуб и ресторан на брегот.

На чекор од базенот се наоѓа Канухура Спа, местото каде врвното искуство започнува веднаш. Во ентериерот можат да се забележат дрвени подови, комплементарно осветлување и свежа палета од бои на ѕидови и ткаенини, кои создаваат баланс со мебелот во собата за релаксирање. Оној миг кога гостите доаѓаат во овој холистички храм, започнува моментот на деликатни мириси, пријатно осветлување и природни морски производи…

Во овој прекрасен амбиент, со неодоливото Спа искуство и времето кое можете да го посветите сами на себе, сигурно ќе ги регенерирате Вашиот ум и Вашето тело…

Остави коментар

Почетна // патување // ДЕСТИНАЦИИ // Канухура – Безвременско шик искуство
Горе