Мариналеда – град во кој сите би сакале да живеат

15 мај, 20170
1

Мариналеда е град во Андалузија, на југот од Шпанија, каде на површина од 25 километри квадратни живеат околу 2.700 жители.

Ова мало градче се смета за социјалистичка утопија. Жителите на Мариналеда не се плашат да ги изразат своите политички уверувања. Таму, на пример, наместо светкави реклами и брендови – виреат графити и мурали со пораки за поддршка и солидарност со земји како Куба и Венецуела. Улиците носат имиња на славни борци за работнички права, како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.

Просечната плата во Мариналеда изнесува 1.200 евра месечно, а киријата за еден нормален стан изнесува 15 евра за еден месец.

Додека невработеноста во Шпанија достигна 27 проценти, во Мариналеда е остварена речиси потполна вработеност. Воведена е листа за доселување и се чека и по две години. Изградени се 350 куќи, а за две години треба да се направат уште 250 куќи.

Градот обезбедува и бесплатен интернет, два фудбалски терени, терен за кошарка, тенис, сквош, одбојка и базен. Сите овие терени се бесплатни и на располагање на жителите освен за базенот за кој се плаќа годишна чланарина.

Доколку некој се реши да си гради куќа, властите веднаш му испраќаат помош од професионален архитект и работници, кои помагаат во изградбата, а откако куќата ќе се направи се плаќа по 15 евра месечно за да се рефундираат трошоците за материјалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi