18 октомври, 2017

Радио

Перфектен одмор, во секоја смисла е токму ова место. Ако се одлучите да го посетите, Вие ќе се заљубите во него поради несекојдневната убавина која ја има…

Замислете слика од неколку пустини во снежно бела боја, меѓу себе нанижани со преубава тиркизна боја од езера и извори !

За да стигнете до оваа убавица, потребно Ви е кратко возење од Сао Луис … и Вие, веќе сте во едно од најмагичните места на светот. Доколку не сте фан на риболовот, можете да уживате, пливајќи во некое од езерата. Со оглед на фактот дека се наоѓаат во средината на пустината, нивната температура е совршена. Убави вести и за љубителите на адреналинот и на авантурите. Тука се патувањата со авион кои овозможуваат комплетен преглед на оваа тиркизно – бела приказна.

Постојат повеќе места кои можат да го задржат Вашето внимание, но ова место ќе Ве натера да останете, на секој можен начин. Бидете сведоци на едно од најубавите места на светот. Проучете го преку следнава галерија… И сместете го во спомените на Вашата реалност …

Остави коментар

Почетна // патување // ДЕСТИНАЦИИ // Националниот Парк Lencois Maranhenses, Бразил – место кое мора да го посетите !
Горе