Најубавиот островски ресорт во светот (фото)
17 февруари, 20170
„Michaelis Boyd Associates“, архитектонско студио од Лондон, неодамна го завршија редизајнирањето на „Benguerra Lodge“, луксузен ресорт кој се наоѓа на истоимениот недопрен остров во Индискиот океан.
Проектот вклучувал комплетна обнова и модернизација на веќе постоечкиот дом кој е сместен во шума, покрај бела песочна плажа и во која може да уживаат 15 гости.
Просторот вклучува комбинација од традиционални елементи како кров од слама, робусни ѕидови и дрво, но и современ дизајн за беспрекорна елеганција.