Остров од соништата: Најубавите плажи се во Барбадос

3 февруари, 20170
12

Со својата неверојатна убавина Барбадос е остров од соништата и идеална дестинација за одмор на независните туристи, но и за оние кои сакаат ексклузивни сместувања.

Со големина од 268 квадратни километри и околу 285.000 жители, овој мал остров е сместен меѓу Карипското море и Атланскиот океан и припаѓа на карипската островска група Западни Инди.

os 87

os 548

os 75

Барбадос бил откриен во доцниот 15 век од страна на Шпанците, а првпат се појавува на една шпанска мапа во 1511 година. Краток период бил под шпанска контрола, потоа под португалска, а подоцна Барбадос станува колонија на Велика Британија се до својата независност стекната во 1966 година. Официјален јазик е англискиот, а главен град на земјата е Бриџтаун.

os 65

os 54

Западното крајбрежје на Барбадос нуди прекрасни песочни плажи и најдобри хотели и ресторани кои се магнет за богатите и славните (кои имаат и свои вили тука), додека јужното крајбрежје е повеќе прилагодено за младите кои сакаат забава, но и сместување по пристапна цена.

os 5

Додека западното крајбрежје е резервирано за луксуз, јужното е популарно по сурфањето, но и прочуено по едни од најубавите плажи во светот. Дење овие плажи се преполни со туристи кои ужииваат во сонцето, а навечер се претвораат во вистински огромни дискотеки каде забавата трае до раните утрински часови.

os 1

Идеалната температура која во текот на зимата не се спушта под 24 степени, а лето не е повисока од 30 степени, е дополнителна причина за островот да е популарна туристичка дестинација за одмор во текот на целата година.

os 42

Бројните луксузни ресторани нудат најразновидни специјалитети кои ги задоволуваат вкусовите и на најпребирливите. За оние кои пак сакаат „буџет“ патување, погодни се пицериите. За љубителите на шопингот, тука се бројните бутици од кои сигурно ќе излезат „подновени“, а за оние кои сакаат култура и уметност – можат да го исполнат одморот со посета на бројните стари цркви и музеи.

os 2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *