11 декември, 2017

Радио

Етретат е мал крајбрежен град во северниот дел на Франција со толку совршен поглед, што е тешко да се поверува дека е вистински. Местото каде што е изградено самото село Етретат, се нарекува Албастров брег, кој е познат по своите виски бели карпи.

Во лето ова гратче е весело и живо, а во зима е мирно и тивко. Населенитео на гратчето е малку под 2.000 лица.

Таму се наоѓаат импресивни природни сводови, расположени по крајбрежјето кои оставаат незаборавен спомен. Највпечатлив и најголем е сводот кој гледан од различни агли, наликува на слон. Оваа празнина се формира под притисок на турбулентните морски бранови врз меката карпа која по природа е креда.

Друго обележје на Етретат е т.н.. Игла, која се гледа по искачувањето по посебна патека до врвот на сводот, каде човек може се вљуби освен во Иглата (висока близу 700 метри), така во целокупната глетка која се открива.

Остави коментар

Почетна // патување // ДЕСТИНАЦИИ // Посетете: Мал град со божествен поглед
Горе