20 октомври, 2017

Радио

Со пукањето на крајбрежниот дел од Сорентинскиот полуостров, а потоа и неговото потонување во морето настанал необичен релјеф, кој во комбинација со богатата историја, луксузните вили и шармот го направија островот Капри да стане една омилена космополитска дестинција.

Капри е мал остров во Неаполскиот залив, а веќе со децении важи за одмаралиште каде се собира светскиот џет сет.

Капри е оддалечен од Неапол само 5 километри, а 3 километри од Соренто, до него може да се стигне со брод или тракет.

Капри уште од римско време бил познат по својата убавина. Централниот дел ја има зачувано старата архитектура, а од неодамна има голем број луксузни продавници. Токму тој сјај на старото и гламурот на модерното време го прави ова место специфично.

Вистинска атракција е Сината пештера Blue Grotto, која на посетителите им нуди незаборавно искуство. Светлината која се рефлектира во морската вода и ја осветлува пештерата и создава неверојатни бои е прекрасна глетка.

Остави коментар

Почетна // патување // ДЕСТИНАЦИИ // Сјај, луксуз, богатство – островот Капри
Горе