Vaadhoo – „ Млечниот пат “ на земјата

6 април, 20170
12

Одлуката да се посетат Малдивите, секогаш резултира со спектакуларни глетки и неочекувани  доживувања… овој месец е токму тој момент кој не смеете да го пропуштите!!!

Едно од нив, се случува на плажата на брегот Vaadhoo, после реакцијата помеѓу планктоните и кислородот. Во еден момент, морската вода, стана посјајна дури и од  „ Млечниот пат “.

Природниот феномен, кој се нарекува „ биолуминисценција “,  ретко може да се види во близина на копното. Фотографијата која го доловуваат реткиот момент е направена од фотографот Doug Perrine. Истата е направена една вечер, во која ѕвездите биле видливи, но не и месечината. Секој мал бран кој доаѓал до брегот, доаѓал со чудна светлина. Светлината ја создавале планктоните кои биле концентрирани на работ од плажата. Организмите биле доволно големи, што можеле да се видат со голо око, изјавил Perrine.

Експертот Peter Fransk го објаснил феноменот, додавајќи дека секој организам добива сина светлина после хемиската реакција во неговите клетки. Според неговите зборови, милијарда клетки, со доаѓањето на брановите светкале со сина светлина. Овој феномен обично е видлив на пристаништата, кога бродовите ја промешуваат водата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi