11 декември, 2017

Радио

Во шпанското селце Сетенил де лас Бодегас околу 3000 луѓе живеат под карпа. Ова уникатно место е изградено по должината на една тесна клисура еродирана од реката Рио Трехо. Многу од куќите се изградени околу и под самите ѕидови на клисурата. На некои места изгледа како карпата да ги притиска куќите, но тоа е само привидно. На одредени места карпите дури и „навлегуваат“ во домовите, но тоа им се допаѓа на жителите, бидејќи е уникатно обележје на селцето. Местото е позната туристичка атракција и за него се вели дека ги има најдобрите ресторани во регионот.

Остави коментар

Почетна // патување // ДЕСТИНАЦИИ // Во ова селце луѓето навистина живеат под карпа
Горе