11 декември, 2018

Радио

Потребни состојки:

250 гр. шеќер

4 белки

100 гр. мед

200 гр. ореви

12 готови вафли

Припрема:

Изматете ги белките. Постепено додавајте го шеќерот и матете се додека не се растопи. Во посебен сад растопете го медот, па додадете го изматениот шлаг и гответе околу половина час на пареа со постојано мешање. Кога смесата ќе се згусне, тргнете ја од оган и додадете ги сецканите ореви.

Пресечете ги вафлите на половина. Едната половина од вафлите намачкајте ја со претходно подготвениот фил, па преклопете ги со другата половина. Оставете ги колачите да отстојат во фрижидер 2 часа пред послужување. Добар апетит!

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Бела алва
Горе