Бисквити со сланина и кашкавал

13 ноември, 20170
8

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

260 г брашно

150 г сланина

250 г кашкавал (изрендан)

75 г путер

250 мл млеко

1 ½ лажичка прашок за пециво

½ лажичка сол

½ лажичка црвен пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сланината исечете ја на мали парченца. Пропржете ја на тивок оган додека не добие румена боја. Оставете ја настрана да се олади, а потоа исечкајте ја многу мали делчиња. Во меѓувреме изрендајте кашкавал и започнете со подготовка на тестото.

Во поголем сад ставете го брашното, прашокот за пециво, солта, црвениот пипер и парченцата путер. Потоа додадете го кашкавалот, сланината и на крај млекото. Убаво измешајте додека не добиете еднолична смеса.

Наросете ја работната површина со малку брашно и со раце замесете неколку пати. (тестото не треба да биде премногу измесено) Потоа искукајте го со дебелина од еден сантиметар. Со кружна формичка направете ги бисквитите.

Загрејте ја рерната на 220 степени. На обложен плех со хартија за печење наредете ги бисквитите. Најдобро е ако се со големина од 5 см, наредени на растојание од 2.5 сантиметри.

Печете ги 15 минути додека не добијта кафена боја. Оставете ги да се оладат 10 минути, а потоа послужете ги со некое сосче по ваша желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi