11 декември, 2017

Радио

Состојки:

  • 150 г брашно
  • пола лажичка прашак за пециво
  • 4 јајца
  • 150 г шеќер
  • 125 мл јогурт
  • 80 г мелени бадеми
  • 150 мл зејтин
  • 3 лажици рендана кора од лимон
  • сол

Приготвување:

  • Мешајте ги јајцата и шеќерот додека не се добие густа и пенлива смеса. Во посебен сад измешајте ги јогуртот, зејтинот, солта и кората од лимон. Соединете ги сувите состојки со јогуртот и останатите состојки садот. Кратко измешајте па додадете ја смесата од јајца и шеќер. Измешајте и ставете во калап за печење. Печете  на 180 степени околу 20 минути. Колачот можете да го прелиете со сируп пд лимон кој ќе го направите такашто ќе ставите да проврие сок од лимон, 1 дцл вода и 1 лажица шеќер и прелејте врз жешкиот колач.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Брз колач од лимон
Горе