Чизкејк од бело чоколадо и малини

24 април, 20170
12

Состојки

110 гр. чоколадни колачиња здробени во трошки
40 гр. шеќер
55 гр. путер омекнат
300 гр. малини замрзнати
25 гр. шеќер
5 гр. густин
120 мл. вода
360 гр. бело чоколадо
120 мл. хопла
600 гр. кремсирење несолено, без зачини
100 гр. шеќер
5 мл. екстракт од ванила
3 јајца

Упатство

Во сад со средна големина замешајте ги трошките од суви чоколадни колачиња (по ваш избор суви чоколадни колачиња без фил – само колачиња со чоколадни ронки), 40гр шеќер и путер.Смесата потоа рамномерно нанесете ја во округло тавче со средна големина.
Во тенџере измешајте ги малините со 25 грама шеќер, густин и вода. Зовријте ги на рингла околу 5 минути. Потоа прецедете ја смесата низ цедилка за да ги отстраните семињата од малините.
Загрејте ја рерната на 170 степени.
Во тренџерче над пареа растопете го белото чоколадо со хоплата со повремено мешање.
Во поголем сад измешајте го кремсирењето со останатиот шеќер. Потоа додавајте едно по едно јајце и добро измешајте ја смесата. Додадете ги ванилата и растопеното чоколадо.
Потоа врз тестото во тавчето за печење истурете половина од оваа смеса. Одозгора врз смесата додадете 3 супени лажици од сосот од малини што го подготвивте предходно. Врз него истурете ја внимателно остатаната смеса од кремсирењето. Потоа одозгора додадете уште 3 лажици сос од малини. Можете со нож или вилушка да поминете лесно врз сосот од малини за да добиете некоја интересна декорација.
Печете ја смесата во рерна 55- 60 минути. Потоа извадете го тавчето од рерна и оставете го да се излади. Потоа покријте го тавчето и ставете го во фрижидер да отстои 8 часа (или преку ноќ). Важно е да не ја вадите тортата од тавчето додека не отстои во фрижидер и не се стврдне.
Потоа можете да ја служите по желба прелиена со остатокот од сосот од малини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi