Домашен леб со лук и кашкавал

9 ноември, 20170
10

Состојки

1 лажичка сол
2 лажици маслиново масло
1 лажица мед
2 парчиња лук издробен
25 гр. путер
100 гр. кашкавал рендан
7 гр. квасец сув
500 гр. брашно
мајчина душичка

Упатство

Во голем сад додадете го брашното, солта и квасецот. Во друг сад помешајте 300 мл. топла вода со медот и маслиновото масло па додадете ја оваа смеса во брашното. Месете додека не се соедини, па префрлете го тестото на набрашнета површина. Продолжете со месење околу 5 минути, додавајќи малку брашно по потреба додека тестото не се лепи. Распоредете го тестото во тава за печење. Помешајте го путерот со лукот, и распоредете парчиња одозгора врз лебот. Распоредете го одозгора ренданиот кашкавал и исецканата мајчина душичка. Покријте ја тавата со намрсена фолија и оставете го тестото на топло место околу 40 минути да порасне. Загрејте ја рерната на 200 степени. Тргнете ја фолијата и печете го лебот околу 30 минути. Оставете го да се олади 10тина минути и пресечете го на 12 еднакви парчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi