12 декември, 2017

Радио

Состојки:

  • 750 грама телешко месо
  • 250 грама овчо месо
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица вегета
  • 1 лажица бибер
  • ½ главица лук
  • 1 лажица кајмак
  • Малку минерална вода

Задолжителни прилози:

  • Голема количина на буковец
  • Кајмак или ајвар, по желба

Потребни состојки за прелив за лепчето:

  •  Зовриена вода
  •  Малку говедско месо или говедска супа во коцка
  • Малку масло
  • Магдонос
  •  Бел лук
  •  Бибер

Подготовка на преливот:

Во еден сад ставете ги сите зачини, додавајќи го маслото, говедската супа и водата, оставете да зоврие.

Подготовка на ќебапчињата:

Исечете го месото на ситни парчиња и мелете го неколку пати, се додека не заклучите дека истото е подготвено за месење.
Во блендер иситнете го лукот, од него да се исцеди сокот, а потоа месото помешајте го со овој сок, заедно со зачините кои што ќе ги додадете по ваш вкус, како и со кајмакот и минералната вода. Добро измешајте ја смесата и оставете ја да потстои неколку часа во фрижидер… Се препорачува вака подготвената смеса да остане во фрижидерот во текот на една ноќ.

Обликувајте го месото.

Ќебапчињата печете ги на скара, но доколку во домот немате скара, приготвувањето можете да го направите и во тава, со исклучително мало количество на масло.

Откако ќе завршите со печењето, врз месото истурете го преливот – оставете помала количина со која ќе ги премачкате лепчињата и истите потоа малку ќе ги запечете.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Еве како да направите дома ќебапи како од ќебапчилница
Горе