Грчки џем од слива

2 февруари, 20170
15

Состојки

  • 1 кг слива
  • 2 кисели јаболка
  • 1 кг шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 1 кесичка ванила
  • 2 лажички свежо цеден сок од лимон
  • 5 чаши вода

Подготовка

Водата и шеќерот ставете ги да се зготват. Измијте ги сливите и извадете ги семките, а јаболките излупете ги и изрендајте ги. Кога сирупот ќе се зготви, додајте го овошјето и мешајте додека џемот не се зготви. Пробајте така што ќе ставите малку на чинии, па ако остане трага кога ќе се повлече лажицата, џемот е направен. Додајте цимет, ванила, сок од лимон и рум по желба и оставете да се зготви уште две минути.

Тргнете го од шпоретот, наполнете стерилизирани, топли тегли, затворете ги цврсто и превртете ги теглите наопачки. Нека останат така се додека не се оладат целосно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi