Како се прави “Крем карамел“?

8 ноември, 20170
11

Потребни намирници:

5-6 јајца

1,5 л млеко

2-3 супени лажици шеќер

2 пакетчиња ванила

За карамелата:

5-6 лажици шеќер (зависи од тоа колку сакате да е благ кремот. И повеќе да ставите не е проблем. )

Ставете го млекото да зоврие на оган, а во меѓувреме изматете ги јајцата со ванилата. Откако млекото ќе зоврие оставете го да се олади. Во никаков случај не смее да биде врело за да не ги пресече јајцата. После додадете ги јајцата и мешајте додека не се изедначат добро со млекото. Нека постојат 5-6 минути на оган.

Карамелата:

Исипете го шеќерот во тава претходно загреана на оган. Додека чекате шеќерот да се стопи распоредете го кремот во садови и подредете ги во тава. Откако шеќерот ќе се стопи исипете го врз белиот крем.

Ставете ја тавата со малите садови во друг поголем сад кој треба да е до пола полн со вода и ставете ги така во претходно загреана рерна на 180 степени.

Почекајте додека кремот се зацрвени малку и може да ја исклучите рерната. Кога ќе почне да фаќа коричка значи е готов за јадење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi