Кекс штрудли

13 септември, 20170
14

Состојки:

1 кг брашно

1 маргарин на собна температура

1 јајце

1 чаша (200 мл) млеко

1 чаша кисела павлака

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

За премачкување: мармалад по желба

Подготовка:

Од состојките направете глатко тесто. Поделете го на два дела. Тестото растегнете го на подлога подмачкана со брашно, па премачкајте го со мармалад. Потоа преклопете го два пати, да се добие форма на штрудла , па исечете го на парчиња. Постапката се повторува и со другата половина. Се подредуваат во плех подмачкан со масло или обложен со хартија за печење. Се пече на 200 степени околу 10 минути. Печените штрудли се поросуваат со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *