Ќофтиња во сос од домати

22 август, 20170
1

Потребни состојки:

500 гр мешано мелено месо

50 гр рендан пармезан (или пекорино)

2 јајца

1 супена лажица ливчиња од свежо нане (ситно исечкани)

1 супена лажица свеж магдонос (ситно исечкан)

малку сол

1 кафена лажичка морско оревче

50 гр презли

300 гр доматен сос (за сосот)

2 чешниња лук

2 кафени лажички мајчина душичка

1/2 кафена лажичка црвен пипер

малку маслиново масло

Начин на подготовка:

За да ги направите ќофтињата, во подлабок сад ставете го месото, пармезанот, нането, магдоносот, презлите, морското оревче и јајцата, се добро измешајте и посолете. Меѓу дланките формирајте ќофтиња (како топчиња или како плескавички) и ставете ги во чинија.

Испржете ги ќофтињата убаво од сите страни на умерена температура во загреано масло (околу 10-тина минути)

За да го направите сосот, во тавче со малку масло ставете ги да се запржат лукот, мајчината душичка и црвениот пипер (околу минута-две), а потоа додадете го доматниот сос и оставете ја смесата да се вари околу 10-15 минути.

Додадете ги ќофтињата во сосот и нежно промешајте за сосот комплетно да ги покрие.

Послужете ги ќофтињата заедно со малку сос во подлабоки чинии, а одозгора испрскајте ги со малку свеж исечкан магдонос и рендан пармезан (ако сакате).

Забелешка: Одлично одат со пире. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi