Колач со сланина и млад кромид

20 декември, 20170
10

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 100 гр путер
  • 100 гр сирење
  • 1 прашак за пециво
  • 3 китки млад кромид
  • 150 гр чадена сланина
  • 3 лажици зејтин
  • 2 лажици презли
  • 4 јајца
  • 2,5 дл павлака
  • 100 гр кашкавал
  • сол, бибер

Приготвување:
1. Во соодветен сад се ставаат брашното, путерот, сирењето, прашакот за пециво и малку сол и се замесува тесто. Приготвеното тесто се витка во фолија и се остава во фрижидер 30 минути.
2. Кромидот се сече на тркалца, сланината на ленти, кјашкавалот се ренда, а белкиуте се двојат од жолчките.
3. На малку зејтин се пропржува сланината, се додава младиот кромид и се динста околу 5 минути, се цеди од зејтинот и се остава да се излади.
4. Жолчките се матат со павлаката и со сирењето па се додаваат кашкавалот и сланината со кромид. Белките се матат во цврста пена и се соединуват со претходно приготвената смеса, се промешува и се зачинува по вкус.
5. Тестото се вади од фрижидер па со сукало се развлекува на дебелина од 3 мм. Тркалезна тепсија се мачка со зејтин, се поросува со брашно а дното на тепсијата се прекрива со развлеченото тесто. Тестото на дното се боцка со вилушка, па се отстранува тестото што преминува преку страните од тепсијата.
6. Тестото во тепсијата се поросува со презли, па се става приготвената смеса. Колачот се пече во рерна на 180 °Ц 40 минути, додека не порумени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi