Колачи со брусница и бело чоколадо

18 мај, 20170
6

Состојки:

За колачите:

– 300 гр бело брашно
– 1 1/2 лажичка прашак за пециво
– 110 гр путер
– 170 гр кафеав шеќер
– 2 јајца
– 1/2 лажичка екстракт од ванила
– 1 лажичка кора од портокал
– 1/4 лажичка сол
– 1/3 лажичка цимет
– 60 гр брусница крупно сецкана
– 110 гр бело чоколадо крупно сецкано

За филот:

– 110 гр бело чоколадо
– 60 гр брусница крупно сецкана
– 250 гр кремсир
– 125 гр шеќер во прав
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 2 лажички кора од портокал

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте плех за печење со малку масло.

2. Во длабок сад расстопете го путерот во микробранова. Додадете го кафеавиот шеќер и мешајте додека да се растопи. Оставете го малку да се излади. Потоа додадете ги јајцата едно по едно.

3. Додадете ванила и кора од портокал во смесата.

4. Во посебен сад измешајте брашно, прашок за пециво, сол и цимет. Постепено додавајте ја смесата со брашно во смесата од путер, шеќер и јајца. Додадете ја брусницата и белото чоколадо.

5. Смесата префрлете ја во подготвениот плех и распоредете ја рамномерно. Печете го колачот 20 минути. Кога колачот ќе се излади исечете го на триаголници (или друга форма по желба)

6. Во микробранова растопете бело чоколадо. Со миксер изматете го кремсирењето и шеќерот. Додадете ванила, 1 лажичка кора од портокал и половина од растопеното чоколадо.

7. Распоредете го преливот рамномерно врз колачите. Одозгора испрскајте ги со брусница и остатокот од кората од портокал. Декорирајте го остатокот од бело чоколадо и ставете ги во фрижидер за малку да се стегнат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *