22 август, 2017

Радио

Состојки:

1 кгр. компири
250 гр. телешки или јунешки дроб
1 главица кромид
сол
црн пипер
1 јајце
млеко
маст

Начин на подготовка :

Излупете ги компирите, измијте ги, обарете ги и внимавајте да не се преварат. Извадете ги, исечете ги по должина на половина и со лажичка издлабете ти. Извадената средина изгмечете ја со вилушка или пропасирајте ја. Дробот измијте го и сомелете го на машина за месо. Кромидот исечкајте го ситно и испржете го, додајте го мелениот дроб и иситнетиот компир пропржете малку а потоа ставете црн пипер, сол и ставете го јајцето. Се убаво измешајте и полнете ги вдлабнатините на компирите, наредете ги во подмачкана тава, налејте ги со млеко така да компирите бидат облиени и попрскајте ги со растопена маст. Печете ги во рерна додека не се вцрват.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Компири со џигер
Горе