Лазањи со тиквички

29 септември, 2017
15

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500gr говедско мелено месо

3 чешниња лук

половина главица кромид

1 лажица маслиново масло

сол и бибер

700gr доматен сос

2 лажички ситно сецкан свеж босилек

3 тиквички со средна големина

400gr рикота

450gr моцарела

2 лажици пармезан

1 поголемо јајце

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Издинстајте го месото додека не добие кафеава боја и посолете. Извадете го од садот, и во течноста испуштена од месото додадете маслиново масло и во него пропржете ги кромидот и лукот околу 2 минути. Вратете го месото во садот, додадете го доматниот сос, босилек, сол и бибер. Преклопете го садот и оставете сите состојки да крчкаат 30-40 минути. Не додавајте вода.

Во меѓувреме исецкајте ги тиквичките на кришки со дебелина од 5мм. Посолете ги и оставете ги настрана да пуштат вода. Вклучете ја рерната на 250 степени. Во посебен сад измешајте ги рикотата, пармезанот и јајцето.

Премачкајте го дното на огноотпорна тава со маслиново масло. Наредете го првиот слој тиквички, врз него нанесете ја мешавината од рикота и пармезан, па приготвениот сос со мелено месо, а потоа и неколку кришкки моцарела. Повторете го процесот додека не ги потрошите сите состојки. Завршете со сос и изрендана моцарела и покријте го садот со фолија. Печете во рерна 45 минути.