11 декември, 2017

Радио

Потребни состојки:

2 чешниња лук

5 црвени пиперки

1 жолта пиперка

1 зелена пиперка

3 тиквички

маслиново масло

путер

1 конзерва пченка

1-2 кесички мешавина на мексикански зачини

1-2дл вода (според препорачаната количина на кесичката од мексиканските зачини)

1/2кг сирење

пакет големи тортиљи

чили во прав

500гр пилешко филе

Начин на подготовка:

На мешавина од путер и маслиново масло, пропржете го пилешкото филе исечено на стапчиња. Додадете ситно исецкани пиперки. Кога малку ќе се пропржи додедете малку лук и пченка. Зачин и вода според упатството. Додадете ги исецканите тиквици, чили и сол според вкус и пропржете уште 5-10 минути.

Во огноотпорен сад додадетете малку масло и наредете ред тортиљи, ред динстан зеленчук, ред рендано сирење и ова повторувајте го додека има смеса и на крајот завршете со ред тортиљи кои само малку со овој сок и сирење ќе го прекриете за да не се исуши за време на печењето. Ставете го садот во загреана рерна на 30-35 степени.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Мексиканска мусака
Горе