Мини милиброд со спанаќ

16 јуни, 20170
14

Состојки
600 гр. спанаќ исецкан
4.5 чаши брашно сенаменско
1 лажичка сол
5 лажици путер несолен, пресечен на коцки
1 чаша млеко млако загреано
2 лажички шеќер
4.5 лажички квасец
3 парчиња лук исецкан
1 лажичка сол
350 гр. козјо сирење
маслиново масло
1 јајце
2 жолчка од јајце

Упатство

За милибродот:
Во длабок сад со миксер измешајте го млекото, шеќерот и квасецот.Додадете ги путерот, жолчките, целото јајце и солта. Намелте ја брзината на миксерот и полека додавајте го брашното. Потоа извадете го тестото на чиста работна маса и продолжете уште малку со месење. Потоа ставете го во подмачкан сад, покријте го со мокра крпа и оставете го да нарасне околу 30-45 мин.
Подмачкајте 12 подлабоки калапчиња (како за мафини). Месете го тестото уште малку па поделете го на 12 еднакви топчиња. Секое од топчињата ставете го во калапче. Оставете го повторно да нарасе, откриено, околу 30 мин.
Загрејте ја рерната на 220 степени.
Со четка за храна поминете го тестото во калапчињата со млеко. Поставете ги калапите врз плех и печете ги околу 15 минути. Потоа оставете ги да се изладат.
Фил:
Загрејте го маслото во подлабока тава на среден оган. Постепено додавајте го спанаќот, лукот и сол. Пржете околу 4-5 минути додека спаначот да омекне. Одстранете го од рингла и додадете 3/4 од сирењето. Добро измешајте ги.
Извадете го милибродот од калапите и внимателно отсечете го врвот. Внимателно со мал нож издлабете дупки во средината на милибродот. Во секое парче милиброд во издлабениот дел ставете од смесата со спанаќ и изрендајте од остатокот од сирењето. Потоа поклопете ги отсечените врвови од милибродот (да дојдат како капачиња).
Послужете веднаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi