11 декември, 2017

Радио

Состојки:

  • 270 гр. Екстра бело брашно тип 400
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сол
  • 240 гр. путер
  • 140 гр. бел шеќер
  • 140 гр. кафеав шеќер
  • 1 лажичка ванила
  • 2 јајца
  • 340 гр. чоколадо за готвење, сецкано на ситни парчиња
  • 200 гр. сецкани ореви

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте едно подлабоко тавче со малку масло.
Во длабок сад измешајте брашно, сол и прашок за пециво. Во друг сад измешајте го путерот со екстракт од ванила и бел и кафеав шеќер. Матете ги додека да добиете кремаста смеса. Потоа додадете ги јајцата и продолжете со матење. Во оваа смеса постепено додавајте ја смесата од брашно една по една лажица со постојано мешање. На крај во тестото додадете го сецканото чоколадо и ореви и добро промешајте ги.
Распоредете го тестото рамномерно во подготвеното тавче. Печете го колачот во загреана рерна 25 минути. Кога ќе се излади исечете го на коцки и послужете го.
Пријатен апетит!

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Направете: Ванила колач со чоколадни парчиња
Горе