Неодолива торта Хавана која не се пече!

22 февруари, 20170
13

Состојки:

  • 1,2 л млеко
  • 250 гр шеќер
  • 3 кесички желатин во гранули (30 гр)
  • 700 мл слатка павлака
  • 200 гр наполитанки од лешник
  • 200 гр мелени лешници (или ореви)
  • 100 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Желатинот растворете го во вода и оставете го да набабри. Млекото измешајте го со шеќер и ставете го да зоврие. Кога ќе зоврие, тргнете го од оган.
  2. Во желатинот додајте 5 лажици врело млеко и измешајте, а потоа масата со желатин ставете ја во останатото врело млеко. Мешајте додека желатинот не се растопи, па оставете да се излади до собна температура, а потоа ставете го еден час во фрижидер. Масата треба да биде нешто погуста од јогурт.
  3. Посебно разматете слатка павлака, па соединете со смесата од желатин и издробени наполитанки.
  4. Во поголемо тенџере или калап ставете фолија и посипете четвртина мелени состојки, преку ставете третина од филот и така завршете до крај. Ставете во фрижидер преку ноќ или во замрзнувач на 3 часа. Изладената торта свртете ја на тацна и отстранете ја фолијата, а потоа декорирајте по желба ако сакате – поради мелените лешници убаво изгледа и без дополнителни украси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *