Неодолива торта со чоколадо и афион

28 февруари, 20180
10

Состојки:

Тесто:

  •  8 жолчки од јајце;
  •  8 белки;
  •  200 гр. шеќер;
  •  200 гр. путер;
  •  300 гр. афион (мак);
  •  120 гр. пржени и мелени лешници;
  •  Околу 250 гр. мармалад од сливи.

Глазура:

  •  150 гр. чоколадо;
  •  150 мл. слатка павлака;
  •  2 кесички ванилин шеќер.

Подготовка:

Со миксер матете го путерот со 100 гр. шеќер. Кога смесата ќе стане хомогена, додавајте ги жолчките една по една и сè добро измешајте.

Белките матете ги со преостанатите 100 гр. шеќер и кога ќе добиете цврста пенеста смеса додадете ги афионот и лешниците. Потоа помешајте ги двете смеси.

Калапот за торта со дијаметар од околу 28 см. обложете го со хартија за печење и премачкајте ја со путер. Во претходно загреана рерна печете околу 40 минути на 170 степени. Печената торта извадете ја од рерната и оставете ја да се олади.

Кога ќе стане млака (не ладна), извадете ја од калапот, поставете ја на голема чинија за служење и премачкајте ја целата торта со мармаладот од сливи.

Подгответе ја глазурата. Во слатката павлака растопете го чоколадото, додадете го ванилиниот шеќер и оставете за зоврие. Премачкајте ја тортата со чоколадната глазура преку слојот од мармалад. Кога ќе се излади, ќе биде готова за служење.

Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *