20 октомври, 2017

Радио

За да уживате во вкусен десерт не значи дека е задолжително долг список на намирници или пак долготрајна подготовка.Доволно ви е да купите едно пакување од замрзнати лиснати теста од 500 грама, и околу 200 грама Нутела (или било каков друг крем).

Подготовка:

  1. Одмрзнете го лиснатото тесто во целост. Развлечете ги лиснатите теста што е можно потенко и во облик на коцка, и расечете го на еднакви делови.
  2. Вo средината на лиснатото тесто додадете една лажичка од чоколадниот намаз. Замотајте го тестото околу кремот. Продолжете со ваквата постапка се додека не ги потрошите сите парчиња од тестото.
  3. Ставете ги замотаните кроасани во веќе загреана рерна на 200 степени, и оставете ги внатре околу 14-16 минути додека тестото не се испече и не добие златножолта боја.

2-ingredient-Nutella-Croissants-F

Бонус совети:

  1. Лиснатото тесто можете да го замотате во каков сакате облик. Ние како најдобри ви препорачуваме тоа да биде или во форма на ролат, или како класичен кроасан.
  2. Во лиснатото тесто можете да ставите и друг вид на намаз, мармалад е одлична замена.
  3. Кроасаните се највкусни топли, запрашени со шеќер во прав и во комбинација со млеко.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Нутела кроасани: Брз рецепт од само две состојки
Горе