Овошни тортички

7 август, 20170
10

Потребни состојки:

За подлога:

150г мелен кекс.

50г. Путер.

Малку сол од портокал.

За овошен фил:

150г. Свежи или замрзнати боровинки, малини или капини.

2 лаж. шеќер.

За крем фил:

300мил. Слатка павлака.

150г. Несолено сремско сирење.

70г. Шеќер во прав.

Кесичка ванилин шеќер.

За посипување:

50г мелен кекс.

Начин на подготовка:

Замесете го мелениот кекс со путер и малку сок од портокал.

Од смесата направете тенка подлога, според обликот на чинијата за сервирање, и ставете ги на дното на чинијата.

Овошјето испасирајте го , ставете шеќер  и  кратко варете. Потоа оладете го и разлејте го преку подлогата од кекс. Слатката павлака, добро изматете ја со сремско сирење, шеќер и ванилин шеќер, ставете ја преку овошјето и обилно посипете ја со сомелен кекс. Добро разладете пред послужување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi