11 декември, 2017

Радио

Состојки:

200 грама брашно, 1 главица кромид, 2 лажици масло за јадење, 200 грама свежи шампињони, 200 грама варена шунка, 200 грама пармезан, 200 грама павлака, 1/ 8 литар млеко, 1/ 4 литар вода, 1/ 2 чаша бело вино, 3 јајца, 1 лажица доматно пире, магдонос, црн пипер, сол, морско оревче.

Подготовка:

Брашното ставете го во сад и изматете го со јајцата, млекото, водата, солта и морското оревче. Замесете тесто. Исчистениот кромид исечкајте го и малку испржете го во маслото за јадење. Исчистете ги шампињоните и сечкајте ги на кругови. Шунката исечкајте ја на коцкички и додадете ја во кромидот, на крајот и пармезанот. Додадете ги исечканиот магдонос, црниот пипер, доматното пире и белото вино.

Се тоа пржете го две минути.

Испржете ги палачинките и оставете ги на топло место. Филувајте ги со павлака. И секако декорирајте ги со павлака и листови босилек.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // палачинки со печурки и пармезан
Горе