11 декември, 2018

Радио

Состојки

  • 260 гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 супена лажица прашок за пециво
  • 2 супени лажици шеќер
  • 50 гр. путер
  • 300 гр. рендан кашкавал
  • 100 гр. ситно сецкан млад кромид
  • 12 парчиња сланина
  • 250 мл. хопла плус 2 лажици за премачкување

Постапка

Испржете ја сланината во тава на силен оган. Пржете ја неколку минути додека да добие кафеава боја. Потоа извадете ја на хартиена салфетка за да се впие вишокот на маснотија и исецкајте ја на ситни парченца. Загрејте ја рерната на 220 степени. Намачкајте го со малку путер тавчето за печење и обложете го со хартија за печење. Путерот изладете го во фрижидер и исечете го на мали коцки. Изрендајте го кашкавалот, а младиот кромид исецкајте го на ситни парчиња. Во длабок сад измешајте ги брашното, сол, шеќер и прашок за пециво. Додадете го путерот. Со раце измешајте ја смесата. Не мора да користите миксер бидејќи смесата не треба да биде премногу униформна. Додадете го кашкавалот, сланината и кромидот и промешајте. На крај додадете ја хоплата и замесете ја смесата во тесто. Ако ви изгледа дека е премногу сува можете да додадете уште малку хопла. Ставете го тестото врз набрашнета маса и оформете круг. Расечете го кругот на осум дела и намачкајте го со малку хопла за да добие убава боја при печењето. Ставете го тестото во подготвеното тавче. Деловите треба да се малку раздвоени. Печете ја питата во загреаната рерна 20 – 25 минути додека да добие златно жолта боја. Послужете ја топла или ладна со путер, павлака или кремсирење како намаз.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Пита со сланина и кашкавал
Горе